Wednesday ,01 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Вардар по две продолженија го победи Еурофарм и го освои турнирот во Струга
Вардар по две продолженија го победи Еурофарм и го освои турнирот во Струга

Вардар по две продолженија го победи Еурофарм и го освои турнирот во Струга

Вардарци се освојувачи на 49.издание на традиционалниот турнир во Струга. Дури по две продолженија славеше Вардар со резултат 33:32.

Гледавме право машко финале на струшкиот турнир. Со оглед дека дури во 28.минута една од екипите стигна до два гола позитива, доволно говори за израмнетото прво полувреме. На Вардар му беа потребни цели шест минути да постигне гол, откако Дибиров и Гурбиндо не погодија од добри позиции, односно Секели ги бранеше нивните удари. Добар на нашиот гол беше и Томовски, кој имаше свои добри периоди на голот. Се играше цврсто во одбраната, а првиот гол за Вардар го псотигна Ѓукиќ и тоа од бековска позиција. Се играше гол за гол, со мини серија од двете екипи, но немаше резултатско одлепување. Гаџа беше расположен за игра во нашиот напад, додека Вујовиќ ротираше на поедини позиции. Откако резултатот беше израмнет на 11:11, Вардар прв успеа да стигне до два гола разлика, најпрво Дибиров ја врати предноста, за Томовски да одбрани зицер удар на противникот за израмнување, а тоа да го надогради Ѓукиќ кој донесе предност од 13:11. До крајот на првото полувреме, Вардар ја зачува предноста, и на одмор се замина со резултат 15:14. Одлични 30 минути ракомет на игралиштето во Струга, присутните гледачи уживаа во мајсториите на двата тима.

Вардар не искористи два напади за плус два гола позитива, затоа Еурофарм Пелистер успеа да го израмни резултатот. Повторно не успеваме да се одлепиме резултатски иако имавме можност, најпрво Ѓукиќ не го совладува Секели од добра позиција, а потоа и Диало прави непромислена грешка, период во кој можевме лесно до најголеми три гола разлика. Пелистер повторно не казнува го израмни резултатот, а Вујовиќ побара тајм-аут. Секој наш промашен удар, се казни од страна на битолскиот тим, Ѓукиќ повторно не го совладува Секели, а Еурофарм за прв пат стигна до два гола позитива. Бевме во негатива од три гола, но имавме шанса и да израмниме и не успеавме. Долго време, противникот имаше предност која се движеше од 1-2 гола. Ние со играч повеќе успеваме со осмиот гол на Гаџа да израмниме на 26:26 во 57 минута. Каква драматична завршница во Струга, Вардар најпрво израмни а потоа и се одбрани со четири играчи. После истекот на 60 минути резултатот беше израмнет, па се играат продолженија.

После истекот на првото продолжение од пет минути, противникот беше во предност од еден гол. Секели повторно се разбрани па претставуваше голема пречка до голот на нашите играчи, а Еурофарм реализираше во своите напади. Во второто продолжение, Томовски одбрани удар за два гола негатива, а Дибиров донесе ново израмнување на резултатот. Дибиров со гол од седум метри донесе победа со резултат 33:32.

На тој начин, Вардар му врати на големиот ривал за поразот од Супер Купот и од ланското финале на истиот турнир.

Вардар 1961: Томовски (11 одбрани), Гогов, Али Сафер (1 одбрана), Кудуз 2, Гурбиндо 1, Тото, Диало, Јагуриновски, Чувара 2, Стоилов, Валчак, Моралес 4, Георгиевски 1, Карапалевски, Гаџа 8, Талески 2, Дибиров 10, Ѓукиќ 3, Атанасовски, Ќосевски, Мишевски