Вардар стана освојувач на 49.издание на традиционалниот ракометен турнир во Струга, кој се одржуваше во периодот од 12-15.август. Во големото финале после дури две продолженија, Вардар успеа да го „скрши“ тимот на Еурофарм Пелистер и да слави со резултат 33:32.
Човек на одлука беше Тимур Дибиров кој го постигна победничкиот гол од седум метри. Токму Дибиров беше прогласен за најкорисен играч во големото финале. Поединечни признанија добија и Златко Мојсовски (Бутел) за најдбар стрелец и Мартин Секели (Еурофарм) за најдобар голман.