Вардар успеа да го победи тимот на Еурофарм Пелистер, во големото финале на традиционалниот турнир во Струга.
По две продолженија од пет минути, Вардар го победи големиот ривал, со конечни 33:32. Најпрво успеавме да се одбраниме во нападот, откако беше досудено пробивање, за во последниот наш напад, Георгиевски да се уфрли на позицијата пикер и да изнуди пенал. Сигурен реализатор на ударот од седум метри беше Тимур Дибиров.
Погледнете ја последната минута од финалниот натпревар