Кадетите на Македонија завршија на второто место на ЕХФ Шампионатот кој изминатиов период се одржуваше во Скопје.
Во финалето кое се одигра во С.Ц.Борис Трајковски, избраниците на Кирил Лазаров беа поразени од репрезентацијата на Полска со резултат 33:35. На овој натпревар паднаа многу голови, а во првото полувреме ниту една од репрезентациите немаше поголема предност од еден гол. Двете екипи наметнаа силно темпо на игра, а на полувреме резултатот беше израмнет 17:17.
Некаде од 38.минута, Полска влезе во серија на погодоци, се одлепи на највисоки пет гола, период кој се покажа како клучен за конечниот победник. На крајот Полска славеше победа со резултат 33:35 и на тој начин ни врати за поразот во групната фаза.
Дел од Македонската репрезентација на ЕХФ Шампионатот беше вардаровиот играч, Давид Савревски, кој во големото финале постигна еден гол.