Вчера во Спортскиот центар “Јане Сандански“ во Скопје заеднички тренинг-дуел имаа ЖРК Вардар и репрезентацијата на Чиле, младинки. Гостинките престојуваат во земјава како дел од нивните подготовки и ќе учестуваат на меѓународниот турнир во Ѓорче Петров на кој покрај нив ќе има екипи од Србија, а ќе учестуваат и црвено-црните девојки.
Вардарки се во раната фаза на подготовките тренираат само шест дена, но и покрај “тешките нозе“ прифативме да се сретнеме со оваа селекција. Бевме добар домаќин се одигра еден динамичен дуел со многу борба, Ристова успеа да виде до каде се девојките со формата по летната пауза. Резултатот беше во втор план, пред се беше шансата за дружба и ново искуство на нашите дами, противникот на оваа тренинг-средба успеа да има повеќе погодоци. Максимовска и Радевска Бојана за прв пат има деби за првиот тим каде што се прекомандувани, свој деби настап имаше и голманот Ѓорѓиевска која засега е само на помош во првиот тим.
Девојката која блесна на младинскиот ЕХФ шампионат и беше во иделниот тим, крилото Сара Миновска покажа дека е во врвна форма, таа постигна 6 гола (1 од пенал). Нашето „главно оружје“ на линијата од 6.метри пикерското дуо: Катерина Дамјановска-Ивана Џатевска испорача по три гола секоја. По два пати стрелаа: Ангела Костовиќ, Михаела Стојановска и Трпевска Ивона. По еднаш ја затресоа мрежата на Чиле: Марија Галевска, Бојана Диневска и Јасмина Попова од пенал.