Младиот состав на РК Вардар Јуниор го доживеа шестиот пораз во најсилната супер лига. Избраниците на Стојан Петрушевски се поразени на гостувањето во Битола, против екипата на Еурофарм Работник. Конечниот резултат гласеше 30:24.
Во две различни полувремиња, на крајот на победат се радуваше домашниот тим. Натпреварот започна со гол за Вардарци, а се до 20 минута се играше израмнет ракомет на двете страни. Екипите постојано се менуваа во водство, но нуту еден од двата тима немаше поголема предност од еден гол разлика, Црвено-црните беа првите кои успеваат при нерешен резултат од 7:7 да постигнат три гола во серија и да се одлепат на највисоки во тие моменти 7:10. Сепак следи одговор од екипата на Работник кои враќаат со серија од 5:0 за преземање на предноста на 12:10. Нашиот тим ги постигбува последните два гола во првиот дел и на одмор заминува со нерешен резултат од 12:12.
Многу сличен тек на дуелот имаше и второто полувреме, кое со погодок го отвори Вардар. Во 40 минута Вардар има минимално водство од 16:17 и до овој дел од натпреварот пружавме силен отпор и бевме достоен противник. Избранитите на Марковски и Зарков го засилуваат темптото на игра и со нова серија од 4:0 за прв пат на мечот имаат највисоки три голови разлика 20:17. Од тој момент до крајот на натпреварот, домаќинот ја одржуваше и зголемуваше предноста, која по истекот на 60-те минути беше изразена со шест голови разлика 30:24.
Најефикасен во нашиот состав беше крилото Димитровски со 7 голови, додека по 5 постигнаа Вујачиќ и Манасков. Вардар немаше одговор за раположените Андреи Клапал кој беше најдобар стрелец со 11 гола, како и за Мајнов и Адли Ашраф кој беше стрелец на 7 погодоци.
ВАРДАР ЈУНИОР: Ивановски, Ѓорѓески, Кизиќ, Димов 3, Анѓелковски, Димовски 1, Георгиевски, Димитровски 7, Анастасовски, Трпчевски, Николовски, Стојковски, Манасков 5, Кукуловски, Вујачиќ 5, Ончев 3.