Викендов на програмата е новото коло во машката ракометна Супер Лига. Во истото црвено-црните момци предводени од Стојан Петрушевски се гости во Битола. Во салата “Младост“ тие ќе гостуваат кај лидерот на табелата во најсилната машка ракометна лига во земјава, РК Пелистер.
Тимот на РК Вардар Јуниор моментално е “фенерџија“ во лигата и е пласиран на 9.позиција со само три бода. Ние по одиграни шест кола имаме скор од пет порази и еден триуф. Сепак треба да напоменеме дека овој тим е составен од млади играчи кои собираат искуство во Суперлигашката конкуренција. Зелено-белите имаат одиграно пет рунди, победија четири пати и впишаа еден пораз доволно за лидерска позиција. Дуелот се игра сабота, 4-ти ноември со полеток во 18 часот и 30 минути.