РК Вардар со службен резултат (10:0) го доби одложениот натпревар против екипата на Брест Мешков.
ЕХФ ги исклучи од натпреварување сите руски и белоруски екипа, па денес потврди дека Брест Мешков службено го загуби натпреварот со Вардар, кој требаше да се одигра во средата во рамките на 13.коло.
Тоа значи, дека Вардар е веќе пласиран во 1/8 финалето на ЛШ, без разлика на конечниот исход од последното коло во кое на домашен терен го пречекуваме тимот на Елверум. Вардар на табелата ќе заврши на 5.место во групата.