Wednesday ,24 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Вардар го победи Алкалоид и се пласираше во финалето на Купот
Вардар го победи Алкалоид и се пласираше во финалето на Купот

Вардар го победи Алкалоид и се пласираше во финалето на Купот

Ракометарите на Вардар ќе играат во големото финале на Купот, откако вечерва во рамките на 1/2 финалето беа подобри од екипата на Алкалоид со резултат 22:31.

Во седмата минута од натпреварот, Вардар имаше водство од 1:3, за екипата на Алкалоид да го израмни резултатот на 3:3. Следеше наша мини серија од два гола за повторно да го вратиме водството од два гола разлика, но во 11 минута резултатот беше израмнет на 5:5. Во првиот дел одлични беа голманите на двете страни, Томовски имаше 10 одбрани, додека Трајковски 9 одбрани. Избраниците на Недановски започнаа полека резултатски да се одлепуваат, со два гола во серија на Манасков поведовме со 5:9, тоа беше всушност и серија од 0:4, што беше знак за Лазаров да побара тајмаут. Во 20.минута имавме највисоки шест гола разлика, кога резултатот на семафорот гласеше 5:11. Томовски бранеше и зицер удари на противникот и беше еден од најзаслужните што на полувреме имавме водство од 9:14.

Вардар продолжи со добра игра и во вториот дел, со нов гол на Манасков стигнавме до највисоки 10:17 во 37 минута. Противникот успеа да направи серија од 3:0 и да го намали резултатот на 19:22 во 37 минута по што Недановски се реши да побара минута одмор. Успеавме да ја зголемиме предноста на пет гола разлика, во 52 минута резултатот беше 21:26, по што вардарци беа блиску до победата. Томовски стигна и до 15 одбрана, а Манасков зголеми на 21:27. Конечниот резултат гласеше 22:31.

Мартин Томовски забележа 17 одбрани, додека најдобар стрелец беше Манасков со 12 голови. Вардар во големото финале кое на програмата е во сабота, ќе игра против Е.Пелистер кој во првото полуфинале беше подобар од тимот на Пролет.