Вардар ќе игра во големото финале на Купот, откако во полуфиналето беше подобар од тимот на Алкалоид (22:31).
Тренерот Недановски е задоволен од триумфот и пласманот во финалето, каде ќе играме со екипата на Еурофарм Пелистер.
„Без разлика што загубивме во плеј-офот, ова е полуфинале и секако дека има мотив во овие натпревари. Вардар е бранител на трофејот од Купот и тоа беше мотив, не некој друг натпревар. Игравме за себе, влеговме изморени, бевме емотивно исцрпени и неподготвени, бидејќи за ваков тим како Алкалоид со репрезентативци и селекторот Лазаров на клупата треба време за добро да се подготвиш.
Одигравме на добро ниво. Клучно беше добрата подготовка за натпреварот и полуфиналето, како и желбата да освоиме барем еден трофеј оваа сезона. Сакавме финале со Еурофарм Пелистер, тоа е празник за ракометот, се работи за квалитетна екипа со долг ростер. Тој луксуз ние го немаме и тоа е мал хендикеп за нас. Но, мислам дека имаме квалитет да се носиме со нив и ќе го искористиме утрешниот ден за анализа пред финалето“,