Претстојниов викенд на програмата е последното 30.коло во ВМФЛ, во кое Вардар ќе гостува кај екипата на Кожуф.
Натпреварот ќе се одигра утре со почеток од 17:00 часот на градскиот стадион во Гевгелија.
За Вардар овој натпревар нема резултатско значење, со оглед дека го осигура 3.место на табелата кое носи бараж натпревар за пласман во ПМФЛ, на кој ќе играме со екипата на Скопје.