Sunday ,19 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Вардар ќе носи уште еден среден бек во комбинација со Гаџа!
Вардар ќе носи уште еден среден бек во комбинација со Гаџа!

Вардар ќе носи уште еден среден бек во комбинација со Гаџа!

Актуелниот Европски првак Вардар, полека но сигурно го комплетира тимот за новата натпреварувачка сезона. Денеска се пополни една дилема, Анте Гаџа доаѓа да ја организира играта на нашиот тим.

Гаџа според ,,Вардар Фанс” e одличен ракометар кој со сигурност својот потенцијал ќе го докаже и во нашиот дрес. Овој хрватски среден бек имаше одлична сезона во Лигата на шампионите, каде постигна 40 погодоци, а посебно сјајни му беа оние партии на гости против Пик Сегед каде постигна седум погодоци и на домашен терен против ПСЖ, каде постигна четири, а запиша и три асистенции.

Покрај Гаџа, Вардар ќе носи уште еден среден бек со него во комбинација. Откако станува јасно дека Зарабец е тешко остварлива желба, Вардар се насочува кон доведување на нов организатор на играта. Па, доколку се донесе нешто слично на Анте, со сигурност Вардар ќе има топ организатори на играта и во новата натпреварувачка сезона.