Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Карапалевски останува во Вардар и во иднина!
Карапалевски останува во Вардар и во иднина!

Карапалевски останува во Вардар и во иднина!

20-Годишниот среден бек Мартин Карапалевски и во новата натпреварувачка сезона останува дел од тимот на РК Вардар.

Младиот и талентиран ракометар во кус разговор ни потврди дека останува во редовите на ,,црвено – црните” во наредните две сезони. Ова е супер вест, бидејќи новата Управа на Вардар мисли и на младите играчи, а еден од нив е токму Карапалевски, кој изминатава сезона добиваше шанса на некој натпревари.

Карапалевски во овој момент ја сочинува централнтата бековска позиција заедно со најновото засилување на тимот, Анте Гаџа, а сигурно ќе добијат и уште еден колега на оваа позиција наскоро.

Карапалевски изминатата сезона постигна еден гол во Лигата на шампионите, оној против Мотор Запорожје во Скопје.