Sunday ,04 December 2022
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Вардар и Еурофарм Работник ќе одиграат контролен натпревар
Вардар и Еурофарм Работник ќе одиграат контролен натпревар

Вардар и Еурофарм Работник ќе одиграат контролен натпревар

Денес со почеток од 12 часот во малата сала на С.Ц. Јане Сандански, тимот на РК Вардар ќе одигра контролен натпревар со екипата на Еурофарм Работник, вицешампионот на Македонија и новиот учесник во СЕХА-лигата. Влезот за овој меч ќе биде слободен.

Од претходно е познато, дека црвено-црните ќе одиграат уште еден контролен натпревар, и тоа во вторник против екипата на АЕК од Грција, екипа која го освои турнирот во Струга. Овој дуел во вторник ќе биде од затворен тип.

Споменативе мечеви ќе бидат последна контрола за вардарци, пред настапот на Супер Глоуб Купот, или неофицијалното светско првенство, кое на програмата е во периодот од 27-31.август во С.Арабија.