Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > Slider > Вардар без муниција и во Велес
Вардар без муниција и во Велес

Вардар без муниција и во Велес

Над 4 илјади гледачи во Велес не видоа квалитетен фудбал и голови попладнево, откако Борец и Вардар одиграа неквалитетни 0:0.

Вардар и втор натпревар не успеа да постигне погодок. Иако денеска ја имаше контролата на топката, шансите, па дури и играч повеќе околу 20 минути, сепак се чини дека оваа сезона реализацијата ќе биде главен проблем во играта на Вардар.

Во првиот дел Вардар имаше три добри шанси за гол, две преку Мицевски и една преку Колевски, но изостана вообичаено, реализација. Некаде на 20 минути пред крајот, екс играчот на Вардар, Филип Петров доби втор жолт картон, па така неговиот тим остана со играч помалку. Вардар тоа не го искористи, а имаше две супер шанси во финишот да дојде до гол и три бода. Најпрвин Мицевски со глава од само неколку метри биеше над голот, а потоа и Жуниор од 100% шанса не успеа да го затресе голот на Мустафа.

Вардар по две кола има само еден бод. Во следното коло го очекува дуел со градскиот ривал Работнички.