Sunday ,19 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Вардар му нанесе пораз на Рајн-некар, после 5 месеци
Вардар му нанесе пораз на Рајн-некар, после 5 месеци

Вардар му нанесе пораз на Рајн-некар, после 5 месеци

Цели пет месеци или вкупно 19 натпревари, екипата на Рајн-некар немаше забележано пораз. Како што се вели на секој почеток има и крај. Црвено-црните се најголеми виновници за крајот на серијата од победи на германскиот вицепрвак. Рајн-некар падна во Ј. Сандански и беше поразен дури после пет месеци.

Во насјилната бундес-лига се единствените со максимален учинок на победи и се наоѓаат убедливо на првото место. Во средата на свој терен го поразија Кил и му дадоа до знаење дека оваа сезона титулата ќе заврши во нивните витрини. Во лигата на шампионите пред вчерашниот натпревар имаа две победи и еден нерешен резултат. Затоа се тука Вардарци да ги “спуштат“ на земја и припитомат забревтаните лавови. Воедно ова беше трет последователн триумф за нашиот шампион, во меѓусебните дуели на овие две екипи.