Monday ,13 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Петар Виларов: Среќен сум што сум дел од ова семејство, во кое владее победнички менталитет и за кое зборот “пораз” е непознат
Петар Виларов: Среќен сум што сум дел од ова семејство, во кое владее победнички менталитет и за кое зборот “пораз” е непознат

Петар Виларов: Среќен сум што сум дел од ова семејство, во кое владее победнички менталитет и за кое зборот “пораз” е непознат

Избраниците на Стојан Петрушевски се најпријаното изненадување во новата сезона на првата ракометна лига. Иако играат против повозрасни тимови, Вардар 2 има четири победи од исто толку одиграни мечеви.

-Оваа сезона се натпреваруваме во малку појака лига, но вчерашниот натпревар беше уште еден доказ дека цврстата одбрана и добрата реализација води кон совладување на противникот. Напорните и секојдневни тренинзи, одличната тимска игра и добрата координација со стручниот тим се главните фактори за нашиот максимален учинок како и минатата, така и оваа сезона.

На вчерашниот меч во малата сала во Ј. Сандански беше високо поразена екипата на Гостивар, со резултат 42:12.

-Натпреварот со РК Гостивар помина во најдобар ред, уште на самиот почеток му покажавме на противникот дека одземањето на бодови и загрозување на врвот на табелата ќе биде невозможна мисија за него, па така го збришавме со 30 гола разлика.

Виларов доби шанса да брани во второто полувреме, откако го замени Кизиќ.

-Многу сум задоволен од својот настап и укажаната шанса во второто полувреме и се надевам дека повторно ја оправдав довербата на тренерот Стојан Петрушевски. Нашата цел и оваа година да сме на врвот на табелата и наредната година да се натпреваруваме во Супер-лигата. Среќен сум што сум дел од ова семејство во кое владее победнички менталитет и за кое зборот “пораз” е непознат, изјави Петар Виларов за Вардар фанс.

Звонко Ивановски