Friday ,10 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > БРАВО: Вардар ја има најдобрата одбрана во ЛШ!!

БРАВО: Вардар ја има најдобрата одбрана во ЛШ!!

Групната фаза во Лигата на шампионите се комплетираше вечерва, па така Вардар може да се пофали со еден одличен позитивен податок. РК Вардар 1961 по завршувањето на 14-сетото коло во групите А и Б, може да се пофали дека ја има најдобрата одбрана во ЛШ!

Екипата на Дејвис во овие 14 рунди прими само 368 погодоци, што ги прави најуспешна одбрана пред екипата на Барселона која има примено еден гол повеќе, односно 369. Нашиот следен противник, екипата на Веспрем прими дури 423 погодоци.

Вардар има ,,гранитна одбрана”, која се надеваме дека ќе продолжи и понатаму, односно во 1/8 финалето против Веспрем.