Sunday ,19 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > ФК Вардар се враќа на Градски!
ФК Вардар се враќа на Градски!

ФК Вардар се враќа на Градски!

По долга пауза, конечно убави вести. Најтрофејниот фудбалскиот клуб од Македонија, Вардар по подолга пауза се враќа во својот дом, на Градскиот стадион во Скопје, каде ги забележа најубавите моменти од својата богата историја.

Во сабота вардарци од 15 часот ќе го пречекаат ФК Охрид, а со враќањето на нашиот најголем стадион ќе има можност да дојдат и гостински навивачи, па атмосферата да биде на уште подобро ниво.

Го поздравуваме потегот ФК Вардар да се врати на Градски, онаму каде што треба да ги игра домашните натпревари сега и секогаш!