Денес во Спортскиот центар „Јане Сандански“ пред солиден број на публика за женската сениорска лига, ЖРК Вардар во дербито од плеј-офот го пречека тимот на Ѓорче Петров-ЖРК. Ривалот успеа со пресврт да дојде до победа со резултат 23-25 (13-9).
Првиот дел започна со гол на Костовиќ и изедначување на гостите (1-1), по што со одлична одбрана на девојките и интервенции на Илиќ ние создадовме прва предност. Поведовме во 9.минута преку Галевска со 4-1, но ривалот се врати со два гола на само еден негатива (4-3), имаа и неколку пати напад за реми. Илиќ во првиот дел на нашиот гол беше одлична, во напад наградувавме со два врзани гола на Трпевска поведовме со 8-5 во 19.минута, Трпевска до тој момент имаше половина од нашите погодоци зад своето име. Симовски побара веднаш тајм-аут со цел да го сопре нашиот налет, но во тоа не успеаа, највисока предност во првиот дел имавме во 23.минута кога Дамјановска погоди за плус шест, 12-06. Се играше вистинско дерби ривалот не се предаваше, успеа да намали до одморот на четири гола, на пауза заминавме со резултат 13-09.
Вториот дел го почнавме лошо, 5.минути не постигнавме погодок, па во 35.минита дојдовме на гол негатива за гостинот беше 13-12. Се бореа двата тима одлично во поле, се играше гол за гол. Со голот на Коларовска во 17.минута, екипата на Ѓорче Петров дојде до првото реми денес по она 1-1 во 2.минута, изедначувајќи на 18-18. Нашата клупа веднаш реагираше, Ристова и Царчев побараа минута одмор. Работите стануваа полоши, ние промашивме три напада по ред, во овој клучен дел од дуелот, тоа го казни Николиќ и донесе прво водство на ривалот (18-19), потоа поведоа и со 18-20. Брзо се вративме од шокот, со голот на Марија Николовска дојдовме до реми во 24.минута (20-20). Ана Марија Коларовска ни го „загорче животот“ успеа да погоди 2.пати за 20-22 и навести прв пораз за нас во плеј-офот. Првиот пораз во плеј-офот дојде со резултат 23-25.
Кај нас Трпевска Ивона со 6.гола беше прв стрелец, по три гола имаа Галевска Марија и Николовска Марија. Нашиот чувар на мрежата, Илиќ беше двоцифрена кај голманите таа имаше 12.одбрани, одлично одбрани посоебно во првиот дел од дуелот.
Кај ривалот поранешните играчи на Вардар, Ана Марија Коларовска со 7 и Николиќ Милица со 4.гола беа најдобри стрелци, заедно со голманот Кицевска која влезе во игра беа едни од најзаслужните за победата.