Вечерва со почеток од 20:45 часот на програмата е нов натпревар на Вардар во Лигата на Шампионите. Во С.Ц. Јане Сандански гостува екипата на Монпелје.
Вардарци играат добро сезонава и по три одиграни натпревари не знаат за пораз, па се надеваат дека победничката серија ќе продолжи и вечерва.
Монпелје е секогаш незгоден противник, па очекуваме цврст и неизвесен ракомет, иако Вардар прв пат сезонава е фаворит за освојување на бодовите, што се однесува до натпреварите во Лигата на Шампионите. Противникот има една победа, еден нерешен резултат и еден пораз, победата е на домашен терен против екипата на Кил. Пред доаѓањето во Скопје, Монпелје беше непријатно изненаден во домашното првенство, каде загуби од екипата на Цесон.
Вардар има позитивна статистика во меѓусебните натпревари со овој овој противник, кој го доби последното соочување, и тоа во полуфиналето на завршниот турнир во 2020 година, но Вардар победи на последните два натпревари во групната фаза.
Прв пат сезонава, Вујовиќ нема проблеми со повредени ракометари, па сите играчи се ставаат на располагање а на тренерот е да одлучи кои 16 ќе се појават вечерва на теренот и ќе се борат за нова победа.
Вечерва исто така очекува голема поддршка од трибините, со која ќе му се помогне на Вардар да стигне до третиот триумф сезонава, со кој ќе се зацврсти на врвот на табелата. Директен пренос од натпреварот ќе можете да проследите на Арена Спорт 3.