Вечерва со почеток од 20:45 часот, Вардар е домаќин на Монпелје, на натпревар од 4.коло во групата А од Лигата на Шампионите. Црвено-црните се надеваат на добар резултат и продолжување на победничката серија. Натпреварот кој ќе се одигра во С.Ц. Јане Сандански ќе можете да го проследите со директен пренос на Арена Спорт 3.
После три одиграни натпревари, Вардар има скор од две победи и еден нерешен резултат, додека Монпелје оствари по една победа, нерешен резултат и пораз.