Еден од најдобрите играчи на Вардар оваа сезона, кружниот напаѓач Жереми Тото даде свое мислење пред утрешниот дуел против тимот на Монпелје.
,,Мораме од почеток на мечот да сме максимално фокусирани во сите 60 минути, а и да одиграме силна одбрана. Не можеме да го гледаме поразот од Сесон во француското првенство, затоа што Монпелје во ЛШ го победи Кил. Ние треба да одиграме силно во дефанзива, затоа што имаат брз тим и брзи крила. Две недели се подготвуваме за овој меч и ќе го дадеме најдоброто од себе” , рече Тото.
Натпреварот утре ќе стартува од 20:45 часот.