Tuesday ,21 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Вујо: На Валчак солзи му доаѓаа, не играл цела година пред ваква публика
Вујо: На Валчак солзи му доаѓаа, не играл цела година пред ваква публика

Вујо: На Валчак солзи му доаѓаа, не играл цела година пред ваква публика

Вардарци се пред нов предизвик на натпреварите од Лигата на шампионите. Утре во С.Ц. ,,Јане Сандански” гостува екипата на Монпелје, на натпревар од 4.коло во групната фаза. ,,Црвено-црните” имаа одличен старт на сезоната и заедно со екипата на Пик Сегед се единствените непоразени во групата А.

Во пресрет на утрешниот натпревар своите очекувања ги сподели тренерот Вујовиќ кој ги повика вардаровите навивачи да дадат голема поддршка, а откри и еден интересен детал за кружниот напаѓач Валчак.

,,На Валчак солзи му доаѓаа, не играл цела година пред ваква публика”, рече меѓудругото популарниот Вујо.