Tuesday ,30 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Вујовиќ: Ако дојдат навивачите, ќе играме 8 на 6 против Монпелје
Вујовиќ: Ако дојдат навивачите, ќе играме 8 на 6 против Монпелје

Вујовиќ: Ако дојдат навивачите, ќе играме 8 на 6 против Монпелје

Вардарци се пред нов предизвик на натпреварите од Лигата на Шампионите. Утре во С.Ц. Јане Сандански гостува екипата на Монпелје, на натпревар од 4.коло во групната фаза.

Црвено-црните имаа одличен старт на сезоната и заедно со екипата на Пик Сегед се единствените непоразени во групата А. Во пресрет на утрешниот натпревар своите очекувања ги сподели тренерот Вујовиќ кој ги повика вардаровите навивачи да дадат голема поддршка.

Со Кил одиграа фантастичен меч и потоа одат кај некој си Сесон, просечен француски тим и губат. Мислам дека се млада екипа и дека уште психологијата им влијае, па потешко им оди без домашната поддршка. Затоа и не апелирам, ами ги молам да дојдат сите што го сакаат Вардар, не само Комити. Па ние овде со публика ги победивме и Алборг, и Мешков, и Пелистер. На Валчак солзи му доаѓаа зашто цела година не играл пред ваква публика. Ако дојдат навивачите ќе играме 8 на 6, а не 7 на 6!“,

Натпреварот ќе стартува од 20:45 часот.