Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Вардар одигра нерешено со Пик Сегед, Дибиров утна зицер за победа
Вардар одигра нерешено со Пик Сегед, Дибиров утна зицер за победа

Вардар одигра нерешено со Пик Сегед, Дибиров утна зицер за победа

Шампионот на Европа, тимот на Вардар во еден многу интересен натпревар и изедначен, одигра 26:26 (14:13) со тимот на Пик Сегед. Ова беше прво реми за Вардарци во новата сезона, иако Вардар губеше во текот на целиот натпревар, сепак, на крајот Вардар преку Дибиров можеше и да победи, но, Дибиров утна зицер за победа.

Првите 5. минути од натпреварот поминаа изедначено 2:2, двата гола за Вардар беа дело на Лука Циндриќ. И во следните 5. минути продолжи егал натпреварот, во 10. минута резултат гласеше 4:4. Штербик уште по десет минути игра покажа дека и на овој натпревар е расположен, нашиот голман запиша шест одбрани. До средината на првиот дел Вардарци попуштија во одбраната, па така веќе во 14. минути Пик Сегед со голот на Скубе дојде до предност од плус два 7:5. Во понатамошниот дел од играта Циндриќ со два гола во серија го донесе Вардар на минус еден 8:7. Во следните десет минути тимот на Пик Сегед одигра добро, а Вардар многу лошо, во 27. минута Вардар имаше највисока негатива од минус три, За наша среќа во следните две минути црвено – црните со серија од 0:3 дојдоа до егал 13:13. На полувреме дури можеа и Вардарци да заминат со предност, но, Борозан ја погоди стативата а на спротивната страна Бодо со гол го донесе својот тим на 14:13, со овој резултат се замина на пауза. Во првиот дел Штербик имаше одлични 10 одбрани, а Циндриќ 4 погодоци.

Второто полувреме тргна со голови на двете страни, Калман погоди за домаќините, а Чупиќ од пенал за Вардар. Во продолжението од мечот Дибиров промаши еден зицер удар да го донесе Вардар до водство по подолго време. Да дојде до ново водство пропушти Чупиќ кој промаши пенал за Вардар во 35. минута од мечот. Новиот егал го донесе Цинриќ со неговиот петти погодок во 37. минута од мечот. Со два гола во серија на Габер од пикер, Пик Сегед дојде до нови плус два 18:16, кризата на Вардар во нападот траеше неколку минути. Највисоката разлика до плус три Сегед ја достигна повторно во 41. минута од натпреварот со голот на Габер. Со два гола во серија, Борозан го донесе Вардар на само минус еден, ова беше шестти погодок на Борозан. Во 50. минута резултатот гласаше 22:21 за домашниот тим. Резултатската нишалка од еден до два гола продолжи и во наредните минути, Сиера му одбрани пенал нов на Чупиќ. Шишкарев со многу значаен гол во 53. минута го донесе Вардар до нови минус еден 23:22. Со две одбрани во серија, Штербик го одржа Вардар во игра на овој меч. Одбраната на Вардар денеска делуваше многу лошо, до 54. минута Вардар прими 24 погодоци. Борозан со нова бомба во 55. минута го донесе Вардар до нов минус еден. До крајот на натпреварот Вардар преку Македа стигна до егал 26-26, во последните напади Пик Сегед неуспеа да постигне погодок, исто така и Дибиров утна зицер за победа. Натпреварот заврши 26:26.

Борозан постигна осум погодоци, Циндриќ стрелец беше на седум, додека кај противникот, Бунтиќ даде пет гола, Скубе постигна четири, а Калман заврши со три погодока.