Денес стартуваше новата сезона во детската фудбалска лига и за генерацијата на ФК Вардар родени “2006“ година. Одигравме два натпревари на кои забележавме две победи.
Вардар (2) предводен од Сашо Јанев стигна до првиот тримф во новата сезона, а за противник ја имавме екипата на Смиљковци. Конечниот резултат на овој дуел гласеше 6:5. Во еден интересен меч на крајот победата и припадна на Вардарци. Црвено-црните први го отворија резултатот и поведоа со 1:0 со голот кој го постигна Михаил Танчев. Сепак набргу врати противничката екипа и го израмни резултатот на 1:1. Смилковци имаше шанса и да поведе, но еден нивни удар заврши во стативата од нашиот гол.
Сепак откако црвено-црните направија три корни беше досуден пенал за екипата на Смиљковци. Успешно го изведоа пеналот и поведоа со 1:2. Сепак од истото место врати Вардар, откако погоди Максим Цониќ за израмнување на резултатот на 2:2. До крајот на првиот дел по уште еден гол на двете страни. По втор пат на мечот, противничкиот тим дојде до водство од 2:3, но Вардар пак израмнува на 3:3 со голот на денес еден од најдобрите на теренот, Олег Михајловски. По првото полувреме резултатот беше 3:3.
Играчот кој со гол го заврши првото полувреме, на ист начин го отвори и вториот дел. Олег Михајловски со својот втор последователен гол му носи водство на Вардар од 4:3. Во следните минути на два пати се обиде Максим Цониќ, кој бие покрај голот на Смиљковци. Игравме многу подобро во овој дел од натпреварот, кога во листата на стрелци се запиша и Ангел Настевски, за предност од 5:3. Повторно гол за Вардар и прв на мечот за Марко Митев кој зголеми на 6:3. До крајот на натпреварот, Смиљковци успеа да постигне два гола и да стигне до достоен пораз. Конечниот резултат на крајот е 6:5.
На вториот натпревар се сретнаа Вардар (3) од генерација родени “2007“ година против повозрасната екипа на Њу Старс 1, родени “2006“ година. Иако помлади, избраниците на Томче Трајановски успеаа на крајот да го надиграат противникот и да слават со резултат 3:1. Се играше воглавно цврсто на средината на теренот, без многу шанси пред двата гола. Вардар прв поведе со голот на капитенот Лука Атанасовски за предност од 1:0. Њу Старс успеа да постигне гол и да го израмни резултатот на 1:1. До крајот на првиот дел, Вардар го врати водството и со голот на Грашески од пенал поведовме со 2:1. Овој резултат беше актуелен и на полувреме.
Прв обид во второто полувреме имаше Киш кој шутираше покрај голот на Њу Старс. Младите Вардарци водеа борба за секоја топка на теренот и со голот на Емир Шаботиќ поведовме со 3:1, после асистенција на Мицевски. Немаше големи шанси во овој дел од натпреварот и овој резултат беше и конечен на крајот. За одбележување е и шансата на Грашески кој од слободен удар бие покрај голот.