Екипата на ЖРК Вардар Јуниор стигна до втората победа во најсилната супер лига, откако попладнево во С.Р.Ц Кале ја поразија убедливо екипата на Овче Поле.
Гостинската екпа имаше една и единствена предност и тоа на самиот старт кога го отвори резултатот. По првите пет минути се играше гол за гол, а избраничките на Симе Симовски во неколку наврати имаа предност од два гола (4:2, 5:3, 6:4 и 7:5) кога направија нова серија и за прв пат имаа највисоки четири голови разлика (9:5). Неизвесност имаше се до резулат 11:8 кога младите Вардарки со нова серија од 5:0 го зголемија резултатот на 16:8 и полека најавија дека бодовите ќе останат во Скопје. До крајот на првиот дел по три гола постигнаа двете екипи, за на одмор да се замине со резултат од 19:11.
И второто полувреме започна со гол на Овче Поле, кои во 35 минута ја намалија негативата на шест гола (20:14). Сепак Вардар Јуниор играше добро на овој натпревар и имаше контрола на резултатот. Постигнуваме четири последователни голови и за прв стигнуваме до двоцифрена предност од 24:14.Следуваше период од седум минути кога се играше гол за гол, за црвено-црните истава предност ја имаа и при резултат 30:20. Тренерот Симовски им даде шанса за настап на сите ракометарки кои беа на располагање и сите ракометарки освен Атанасова на крајот се запишаа во листата на стрелци. Нова серија на нашиот состав од 4:0 и највисоки 34:20. Последните минути беа само рутина за Вардар, кои на крајот славеа убедлива победа со конечни 39:23.
Најефикасна во нашиот состав беа Ива Божиноска и Анастасија Николовска кои постигнаа по 6 голови.
Вардар Јуниор: Илиќ, Реџеп 3, Николовска 6, Карчева 2, Кицеска, Вељановска 1, Станиќевска 3, Атанасова, Трпевска 3, Георгиевска 2, Божиноска 6, Гичевска 2, Диневска 4, Иванова 4, Николиќ 1.