Прекрасното место во близина на Српско-Унгарската граница“ Кањижа Спа“,ќе биде домаќин на меѓународен турнир на кој ќе настапи и нашиот Вардар. Истиот ќе се одржи во периодот од 21-23.август.
Организаторот на турнирот веќе и официјално потврди дел од екипите кои ќе земат учество на истиот. Вардар, Пик Сегед и Нексе веќе и официјално го потврдија учеството на овој спортски настан.
Вардар настапи на истиот турнир во 2014 и 2015 година, а во 2015 година го освои истиот, откако во финалето го победија тимот на Пик Сегед.