Saturday ,27 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Преглед на 6.коло во ракометната Супер лига, Вардар останува на врвот
Преглед на 6.коло во ракометната Супер лига, Вардар останува на врвот

Преглед на 6.коло во ракометната Супер лига, Вардар останува на врвот

Вардарци продолжуваат со победите во рамките на плеј-офот од Супер лигата. Изминатиов период се одигра и 6.коло во кое победи забележаа екипите кои се борат за шампионската титула, тоа се нашиот Вардар и екипата на Еурофарм Пелистер.

Иако дадоа отпор, Вардар стигна до нова победа, откако на домашен терен го победи тимот на Пролет, додека Еурофарм Пелистер го доби „братскиот“ дуел со својот помлад тим од Битола. Мало изненадување направи екипата на Струга која му откина бодови на Охрид, додека Бутел и Металург исто така ги поделија бодовите во еден неизвесен и драматичен натпревар.

Комплетни резултати од 6.коло:

Бутел – Металург  23:23

Струга – Охрид  17:17

Вардар – Пролет  30:24

Еурофарм Пелистер – Еурофарм Пелистер 2   28:21

Вардар го задржува првото место со 18 бодови, пред екипата на Еурофарм Пелистер која има 15 бодови. Во следното 7.коло, црвено-црните гостуваат во Автокоманда кај екипата на Металург.