Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-16 > Дерби натпревари меѓу Вардар и Шкендија, во рамките на 14.првенствено коло
Дерби натпревари меѓу Вардар и Шкендија, во рамките на 14.првенствено коло

Дерби натпревари меѓу Вардар и Шкендија, во рамките на 14.првенствено коло

Претстојниов викенд на програмата е дерби дуелот меѓу екипите на Вардар и Шкендија, во рамките на 14.коло во младинските фудбалски лиги. Во сабота, кадетите и младинците гостуваат во Тетово, на Игралиштето на „АМС СЦ Тетово“ додека пионерските екипи во недела се домаќини на Шкендија. Натпреварите ќе се одиграат во термините од 10:00 и 12:00 часот.

Вардар со две генерации „брка“ шампионска титула, па погледите ќе бидат претежно насочени на тие два натпревари, иако и со другите две генерации ќе се надеваме на бодови.

Помладите пионери се лидери во лигата, со два бода предност пред екипата на Академија Пандев. Во недела ни гостува тимот на Шкендија, кој се наоѓа на 4.место со 11 бодови помалку од нашиот состав. За вардарци е потребна само победа во овој дерби дуел, доколку сакаме да го задржиме врвот после одигрување на ова коло, додека Шкендија во минатото кол на домашен терен беше поразена од екипата на Работнички. Квалитетот и домашниот терен се наша предност, секако очекуваме квалитетен натпревари и секако бодови за Вардар. Во пионерската лига, Шкендија е фаворит за победа во дуелот со Вардар, со оглед дека тетовчани се борат за првото место во оваа генерација, додека нашите „преполовени“ пионери кои во пролетниот дел влегоа значително ослабени се наоѓаат на 7.место на табелата. Сепак мотивираноста не може да им се одземе на нашите момци, кои ќе се обидат да го изненадат ривалот.

Вториот важен натпревар се игра во кадетската лига, каде лидерот Вардар гостува кај екипата на Шкендија.Во оваа генерација, тетовчани немаат амбиции за врвот, но сигурно дека нема лесно да се предадат.Ова е многу важен натпревар за вардарци, а тренерот Ивановски сигурно дека нема да биде со полн состав, ако знаеме дека неколку играчи од генерацијата 2003 се дел од првиот тим на Вардар.

Во младинската лига, Шкендија е далеку пред останатите екипи, додека Вардар е се уште без победа во пролетниот дел од сезоната. Јасно е и кај младинците, голем број од играчите го носат „товарот“ во сениорскиот тим, па од тука фаворитската улога е на страната на домаќинот.