Thursday ,09 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Црвено – Црните најавуваат одлична сезона, освоен и ” Турнир Вардар”
Црвено – Црните најавуваат одлична сезона, освоен и ” Турнир Вардар”

Црвено – Црните најавуваат одлична сезона, освоен и ” Турнир Вардар”

ЦрвеноЦрните започнаа фантастично. По освоениот трофеј во Словенија на Кањижа купот, денес нашите момци го освоија и ”Турнирот Вардар”
Финалниот натпревар против Кристијанштад започна, први во водство дојдоа гостите, но потоа нашиот шампион си ги зеде ”конците” во својата рака. Во 6′ од натпреварот нашите момци имаа водство од 4:2. Македа и Дибиров беа расположени на стартот, 2/2 за нив. Дибиров стрела од пенал, а Македа од левата бековска позиција. Потоа, рутинирано нашиот тим си ја зголемуваше разликата. На сцена следен стапи Шишкарев кој со два контра напади постигна два нови гола за водството да дојде на највисоки +4. 20′ од натпреварот први измени во редовите на Вардар, во игра влегоа Душебаев, Циндриќ, Манасков… Дибиров не успева да дојде на 3/3 од пенал. Голманот на гостите му брани пенал, резлутатот е 11:8 22′ од натпреварот. Штербик одлично се отвори, 6 интервенција, на спротивната страна Лацковиќ за највискои +5. Во листата на стрелците за запишуваат и Манасков, Душебаев, ЦиндриќКомити со своја песна се јавуваат на овој натпревар. Штербик во свој  препознатлив елемент за 9 одбрана. Крај на првото полувреме, нашиот тим оди на пауза со резултат 16:11

Започнува вториот дел, Марсениќ со два гола во серија му носи предност на Вардар од +5. Штербик влегува во серија, негова 11 одбрана. 40′ од натпреварот, 21:17. Македа влегува во серија, за прв стрелец на натпреварот со 5 постигнати голови. На средина на вториот дел Вардарци водат со 23:18. Шишкарев нов гол, негов 4 денеска. Нова интервенција на Штербик 13 на овој натпревар. Лазаров прв гол! Уште 10′ од натпреварот резултатот е 25:18. Манасков и Циндриќ му носат дефинитивно победа на ВардарСтоилов 3 гол денеска за 29:22. 30:23 Лазаров 2 гол.  Манасков цепелин !
Крај на натпреварот. Вардар го освои турнирот ! 32:24