Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Карачиќ е најдобар играч на “Вардар турнирот“, Штербик е најдобриот голман
Карачиќ е најдобар играч на “Вардар турнирот“, Штербик е најдобриот голман

Карачиќ е најдобар играч на “Вардар турнирот“, Штербик е најдобриот голман

Избраниците на Раул Гонзалес го освоија првото издание на турнирот, кој е во организација на ракометниот клуб Вардар. Во финалето тие беа подобри од Шведски Кристијанштад со резултат 32:24. Ова е втор трофеј за Вардар во новата сезона, после оној во Кањижа. На крајот на турнирот беа прогласени најдобриот голман, играч и стрелец.

vardarfans sterbik

За најдобар чувар на мрежата беше избран нашиот Арпад Штербик, најдобар играч е заслужено Игор Карачиќ. Најдобриот стрелец доѓа од второплсасираната екипа, Џери Толбринг е најефикасен играч на турнирот. Во финалниот дуел, Карачиќ беше стрелец на два гола. Штербик го заврши мечот со 14 успешни интервенции  и беше еден од најзаслужните за високата победа. Ова е втора ваква награда за нив во краток период. На “Кањижа куп“ , исто така беа прогласени за најдобар играч и голман. Вардар за освоеното прво место доби парична награда од 15.000 евра.

vardarfans sterbik

Фото: Рк Вардар мк.