Saturday ,27 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Уште едно шампионско славје за ракометарите на Вардар
Уште едно шампионско славје за ракометарите на Вардар

Уште едно шампионско славје за ракометарите на Вардар

За две недели нашиот ракометен шампион, успеа веќе да освои два трофеи од подготвителните турнири. После оној во Кањижа, каде во финалето бевме подобри од Пик Сегед, вчера се случи уште едно шампионско славје. На првото издание на “Вардар турнирот“ ,црвено-црните забележаа три убедливи победи и сосема заслужено на крајот се радуваа. Во сите три мечеви покажавме надмоќност над противникот и пред се квалитет во играта. На турнирот учествуваа шест екипи и на крајот беа сите задоволни од целокупната организација на нашиот клуб. Третото место дури по изведувањето на седмерци, го освои Чеховски Медведи, откако во регуларниот дел завршија нерешено со Краснодар. Петтото место му припадна на Нексе, кој беше подобар од Металург.

После завршување на финалето беа доделени наградите за најдобрите три екипи и беа прогласени најдобрите играчи на турнирот. Карачиќ е МВП на турнирот, Толбрин(Кристијанштад) е најдобар стрелец, најдобриот голман е секако Штербик. Вардар за триумфот доби награда од 15.000 евра, Кристијанштад 10.000 и третопласираниот Чеховски М. 5.000 евра.

За избраниците на Гонзалес остануваат неколку дена да се одморат, се до почетокот на новата сезона во сеха лигата која стартува во среда. Прв противник е Војводина, во С.Ц.Јане Сандански.