Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Младинците на Рк Вардар ги завршија подготовките во Копаоник, од понеделник продолжуваат со тренинзи на Кале
Младинците на Рк Вардар ги завршија подготовките во Копаоник, од понеделник продолжуваат со тренинзи на Кале

Младинците на Рк Вардар ги завршија подготовките во Копаоник, од понеделник продолжуваат со тренинзи на Кале

Младинците на Рк Вардар предводени од тренерот Зоран Петковски ги завршија десет дневните подготовки, кои се одвиваа на Копаоник. Припремите поминаа во најдобар ред, каде се работеше напорно во првиот дел на физичка подготовка на тимот. Вториот дел се одвиваше главно во сала, на воигрување на новите играчи и внесување во системот на игра во сите фази.

Секојдневно се работеше два пати на ден, со различен интезитет, на кој играчите одлично ги поднесоа припремите во целост. На враќање одиграа пријателски натпревар со Железничар во Ниш. Момците забележаа победа во еден квалитетен натпревар, кој заврши со резултат 33:27 во корист на нашите младинци. На полувреме противникот имаше предност од 14:13. Мечот беше доста динамичен, во препознатливиот стил на игра кој го наметнува популарниот “Зенга“.

Од понеделник екипата продолжува со тренинзи во С.Р.Ц. Кале, се очекува во наредниот период да се одиграат неколку пријателски натпревари, за дополнително воигрување. Сеуште официјално не е потврден датумот, кога треба да започне новата натпреварувачка сезона.