Thursday ,09 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Вардар го совлада Охрид, утре финале против Металург
Вардар го совлада Охрид, утре финале против Металург

Вардар го совлада Охрид, утре финале против Металург

РК Вардар со денешната победа над домаќинот РК Охрид се пласираше во големото финале од Купот на Македонија. Вардарци на денешниот дуел настапија без Брумен и Милиќ, кој не беа во составот. Утре нашиот шампион силите во финалето ќе ги одмери против тимот на РК Металург. Се надеваме дека нашите момци ќе прикажат убедлива игра и ќе дојдат до единаесетиот куп трофеј во својата историја.

Вардар во првиот дел наиде на мотивиран противник, кој рамноправно се држеше, иако во ниту еден момент не водеше на овој меч. Прв поведе нашиот тим со голот на Горбок, во петтата минута од натпреварот Вардар имаше предност од 3-1. Потоа охриѓани влегоа во мини серија, по шест минути игра резултатот беше 4-4. На средина на првиот дел, во 16 минута Вардарци имаа предност од еден гол позитива 7-6. И понатаму продолжи неизвесноста во првиот дел. Во 20 минута Вардарци имаа само еден гол предност. Потоа во игра влезе Душебаев кој за прв пат на овој дуел погоди за +2 за нашиот тим. Во 24 минута од натпреварот нашиот тим имаше повторно два гола предност со петтиот гол на Дибиров денеска. На крај, по првиот дел резултатот беше 14-12 за нашиот тим.

 Во второто полувреме во игра влезе Карачиќ за прв пат на овој дуел. Во 32 минута токму Карачиќ постигна гол, за највисоки денеска, три голови предност за нашиот тим. Прв гол денеска постигна и Дејан Манасков во 35 минута за +4. Во 37 минута Колев му одбрани пенал на Македа. Ангелов ја забележа 7 одбрана во 38 минута од мечот. Охрид направи серија од 3-0 за 17-15 за Вардар во 39 минута. Потоа прв гол денеска и за капитенот Лазаров за повторно +3 за нашиот тим во 40 минута од мечот. Во 43 минута Манасков постигна трет гол за него денеска за 21-17 за нашиот тим. Во 49 минута од натпреварот Вардар дојде повторно на +5 со голот на Душебаев. Во 53 минута резултатот беше 25-20 за нашиот тим. На пет минути до крајот на натпреварот Вардарци имаа предност од седум голови.

Крај на натпреварот: РК Охрид – РК Вардар 21-29