Friday ,03 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Вардарци сигурни на стартот од Плеј-Офот, Пролет лесна „пречка“
Вардарци сигурни на стартот од Плеј-Офот, Пролет лесна „пречка“

Вардарци сигурни на стартот од Плеј-Офот, Пролет лесна „пречка“

Ракометарите на Вардар со победа го стартуваа Плеј-Офот во домашното првенство. Во рамките на 1.коло, во С.Ц.Јане Сандански, црвено-црните беа подобри од екипата на Пролет со резултат 30:23.

Во најголем дел од првото полувреме, Вардар беше во предност од 2-3 гола, иако екипата на Пролет неколку пати го израмнуваше резултатот, дури успеваше и да поведе. Црвено-црните имаа предност од 4:2, но во 19.минута противникит дојде до предност од 9:10. Сепак, Вардар повторно го превзема водството, кое не дозволи да го испушти до крајот. Со голот на Стефан Атанасовски, кој погоди речиси со звукот на сирената, избраниците на Недановски имаа водство од 17:14, а 10 гола во овој период беа дело на Јан Чувара.

Во вториот дел, Вардар успеа да зголеми и на највисоки 21:17, за екипата на Пролет да врати со два гола во серија и да намали на 21:19, сепак тоа беше последната резултатска неизвесност во овој дел од мечот. Вардар заигра поангажирано и поцврсто во одбраната, додека во нападот погодувавме од различни позиции, преку Дутра, Ќосевски и Аларов и со серија од 6:0 стигнавме до високи 27:19, што беше знак за противничкиот тренер да побара минута одмор. Ја прекинаа лошата серија, но само за да го намалат резултатот, но Вардар имаше до крајот контрола на резултатот, за на крајот да слави со резултат 30:23.

Најефикасен на натпреварот беше Јан Чувара со 13 постигнати голови, додека по 4 беа дело на Мартин Карапалевски, Филип Талески и Ален Ќосевски.