Monday ,20 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Вардар го победи Татран за прво место во групата
Вардар го победи Татран за прво место во групата

Вардар го победи Татран за прво место во групата

Втора победа за црвено-црните во рамките на СЕХА-лигата. Вечерва во С.Ц. Јане Сандански, Вардар беше подобар од Татран Прешов со резултат 29:24.

Вардар речиси цело прво полувреме беше во предност и прв успеа да поведе со два гола разлика, кога погоди Маркоски за 4:2. Екипата на Татран во два наврати беше во водство од еден гол, кога резултатот на семафорот гласеше 4:5 и 5:6, но избраниците на Недановски направија серија од 4:0 и поведоа со 9:6 во 19 минута, откако погоди Георгиевски а претходно Томовски ја забележа и својата трета одбрана. Вардарци повторно имаа голема поддршка од Комити и од присутните гледачи во салата Јане Сандански. Посакувавме победа од пет предност, разлика која ја имавме уште на полувреме. Бразилското засилување, Леонардо Дутра, беше расположен за игра, па тој беше и наш најефикасен ракометар во првите 30 минути со четири постигнати голови, еден од нив беше за предност од 15:10 и тоа цепелин по асистенција од Моралес, резултат со кој се замина на полувреме. Георгиевски исто така беше солиден со три постигнати голови, додека Томовски имаше шест одбрани на нашиот гол.

328861216_881558483312870_3301385751684890426_n

Со два гола во серија и една одбрана на Томовски го стартувавме вториот дел од натпреварот, Моралес и Чувара ни донесоа и највисоки 17:10. Одличен е Томовски и на овој натпревар, нашиот голман стигна и до двоцифрен број на одбранети удари, но тоа не успеваме да го искористиме, напротив Татран успеа да влезе во серија од 1:4 и да намали на 18:14 после 40 минути игра. Заигравме поцврсто во одбраната и успеавме да ги вратиме оние најголеми седум голови разлика, во контра погоди Чувара за водство од 22:15 во 48 минута. Вардар до крајот ја задржа предноста за на крајот да слави со резултат 29:24.

Чувара беше најефикасен со 5 гола, додека по 4 имаа Георгиевски, Моралес и Леонардо Дутра. Томовски забележа 12 одбрани.