Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Уште еден среден и десен бек за да биде склопен „мозаикот“ кај Европскиот Шампион
Уште еден среден и десен бек за да биде склопен „мозаикот“ кај Европскиот Шампион

Уште еден среден и десен бек за да биде склопен „мозаикот“ кај Европскиот Шампион

Вардарци полека, но сигурно го склопуваат „мозаикот“ за новата натпреварувачка сезона. Со доаѓањето на хрватските интернационалци, Анте Гаџа и Јосип Векиќ, полека се комплетира екипата.

Сепак за да бидеме комплетни на бековските позиции, сигурно дека ни е потребен уште по еден играч на средната и десната страна. Моментално како организатор на играта го имаме поискусниот Анте Гаџа кој дојде од екипата на ППД Загреб и младите Марко Мишевски и Мартин Карапалевски кои допрва треба да се докажуваат пред стручниот штаб и навивачите.

После заминувањето на Кристопанс минатата сезона, Вардар речиси и остана без класичен десен бек на таа позиција, улога која привремено ја извршуваше и крилото Чупиќ. Меѓу првите засилувања за новата сезона беше младинскиот и повремен сениорски репрезентативец на Македонија, Томислав Јагуриновски кој игра токму на позицијата десен бек, играч кој пристигна од екипата на Металург, а кој во минатото беше дел од младинскиот погон на Вардар. Втор играч кој дојде на десен бек е хрватскиот „џин“ Јосип Векиќ кој изминатава сезона добиваше пред се дефанзивни задачи во тимот на ППД Загреб.

Станува јасно, дека Вардар ќе мора да донесе по уште еден ракометар на споменативе позиции, за да биде комплетиран тимот. Веќе се шпекулира со нови имиња, последен кој протече низ медиумите е Ловро Јотиќ, играчот кој минатата сезона беше дел од Еурофарм, од каде премина во Бенфика, но португалците очигледно ги тресе финансиска криза, па се далеку од потпис со хрватскиот среден бек. Во Вардар чекаат одговор и од Зарабец, од кој се уште не се откажале, но последниот збор за неговиот трансфер ќе го има тимот на Кил, додека не е исклучена можноста и за враќање на Карачиќ, откако главниот спонзор најави повлекување од Киелце. Марко Вујин беше споменуван како потенцијално засилување на десен бек, но засега нема ништо официјално. Останува да видиме што ќе се случува во наредниов период, но сигурно дека до крајот на јуни, црвено-црните ќе го комплетираат ростерот за новата натпреварувачка сезона.