Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-18 > Преглед на некомплетната сезона во кадетската лига, вардарци беа на првото место
Преглед на некомплетната сезона во кадетската лига, вардарци беа на првото место

Преглед на некомплетната сезона во кадетската лига, вардарци беа на првото место

Натпреварувачката сезона 2019/20 во младинските фудбалски лиги не го дочека својот крај. Поради пандемијата со корона вирусот, од ФФМ најпрво ги прекинаа младинските лиги, а потоа и целосно ги поништија, односно оваа сезона нема да има шампиони во младинските категории. Кадетите на ФК Вардар кои лошо ја започнаа сезоната, како одминувааа натпреварите играа се подобро, па после 16 одиграни кола беа на врвот на табелата. Иако во еден период од есенскиот дел имавме и четири бода негатива, зад конкурентите, сепак црвено-црните после неколку врзани победи се искачија на првото место. Одигравме само 16 натпревари, на кои имавме скор од 11 победи, 2 нерешени резултати и 3 порази. Имавме најдобар напад со 41 постигнат гол и само 15 примени погодоци, што беше втора најдобра одбрана во лигата. Сепак како што напоменавме, многу рано беше ставен прекин на сезоната.

Сите остварени резултати за вардаровите кадети во некомплетната сезона:

1 коло: Вардар – Победа  2:1

2 коло: Шкендија – Вардар  4:1

3 коло: Вардар – Пелистер  3:1

4 коло: Шкупи – Вардар  1:0

5 коло: Вардар – Работнички  0:1

6 коло: Еуроспорт – Вардар  2:3

7 коло: Вардар – Македонија Ѓ.П 4:0

8 коло: Вардар – Њу Старс 4:0

9 коло: Акад.Пандев – Вардар  0:0

10 коло: Победа – Вардар  1:5

11 коло: Вардар – Шкендија  2:1

12 коло: Пелистер – Вардар  1:1

13 коло: Вардар – Шкупи  2:0

14 коло: Работнички – Вардар  2:3

15 коло: Вардар – Еуроспорт  8:0

16 коло: Македонија Ѓ.П – Вардар  1:3

После 16 одиграни натпревари, Вардар беше на врвот на табелата со три бодови повеќе од екипата на Шкендија:

kadeti1

 

Нема да има ниту победник во националниот Куп, со оглед дека мечевите се прекинати во полу-финалето, каде Вардар требаше да се сретне со екипата на Брегалница. Претходно бевме слободни во првата елиминациска рунда, за во 1/4 финалето да го поминеме тимот на Њу Старс.

1/4,1 меч: Њу Старс – Вардар  2:1

1/4, 2 меч: Вардар – Њу Старс  5:1