Sunday ,19 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Вардар поразен од Брест Мешков, белорусите се блиску до пласман на Ф4
Вардар поразен од Брест Мешков, белорусите се блиску до пласман на Ф4

Вардар поразен од Брест Мешков, белорусите се блиску до пласман на Ф4

По голема борба екипата на Брест Мешков успеа да слави во мечот со Вардар, во рамките на 16.коло од СЕХА-лигата.

На првиот гол се чекше до 3.минута а истиот го постигна Шишкарев, откако претходно и двете екипи не успеаа да реализираат по два напади. Интересно нашиот голман Калифа Гедбан во првото полувреме имаше само две одбрани, истите беа до 5.минута од мечот, кога црвено-црните имаа водство од 2:1, а тренерот на Брест Мешков, Маноло Каденас многу рано се реши да повика тајмаут. Тоа даде резултато, со оглед дека во следните четири минути Вардар не успеа да постигне гол, а гостите направија серија од 0:3. О тие моменти противникот не дозволи до крајот на првиот дел да го испушти водството, а нивниот голман беше виновникот за позитивата која ја имаа, со оглед дека имаше 8 одбрани во првио дел. На средината од првото полувреме, Брест Мешков имаше и водство од најголеми три гола разлика (5:8), но бргу вративме и со головите на Дибиров и Војводиќ намаливме на 7:8. Ова беше важен натпревар за гостите од Белорусија со оглед дека „грчевито“ се борат за пласман на завршниот турнир, па беа решени да заминат од Скопје со позитивен резултат. Сепак Вардар никогаш не се откажува, без обзир што денес настапивме без тројца ракометари, кои играат на левата бековска позиција, а голема минутажа доби Јана Војводиќ, кој токму играше на оваа позиција. Избраниците на Каденас, уште во четири наврати имаа предност од три гола разлика, а расположени за игра беа нивните беков, Петар Џорџиќ и Симе Ивиќ, чии удари Гедбан не успеваше да ги спречи. Брест Мешков имаше можност на одмор да замине со солидно водство, но Вардар за само една минута со головите на Кристопанс и Чупиќ речиси со звукот на сирената, на одмор да имаат само минимална негатива од 16:17.

53652975_10157859062230348_7417865204064583680_n

Вториот дел започна со одбрани на двата голмани, кај нас на голот застана Милосављев кој ја бележи втората интервенција, додека Пешиќ го спречи Војводиќ да го израмни резултатот. Гостинот ги постигна првите два гола во овој дел од мечот и повторно ја врати највисоката позитива од три гола (16:19), додека Војводиќ прави наивно и безпотребно исклучување. Конечно ние погодуваме преку Фереира, но бргу врати Кулак. Гледавме навистина квалитетен натпревар, Милосављев фати „жива“ топка, додека во контра-напад на празен гол погоди Скубе за намалување на 19:20. Не се даваше противникот, кој имаш повторно три гола предност, но и Вардар кој успева да направи серија од 3:0 и по долго време да го израмниме резултатот на 23:23, со погодокот на Дибиров. Црвено-црните успеваат да стигнат по подолго време и до третото водство, односно уште од 5.минута на мечот кога бевме во позитива, во 45 минута погоди Скубе за предност од 25:24. Нашиот голман, Дејан Милосављев е дефинитивно човекот кој ја донесе предноста, стигна до својата шестта одбрана, додека со шесттиот гол на Скубе Вардар се одлепи на резултат 27:25 во 48 минута од мечот. Не успеваме да искористиме контра, затоа казни Шумак за нерешени 28:28 на семафорот во Јане Сандански. Џорџиќ денес беше нерешлива енигма, па токму со неговиот осми гол, екипата на Брест успеа да израмни на 29:29 на три минути пред крајот. Во финишот подобро се снајде Брест Мешков, кој слави со резултат 30:32.

Најефикасни во составот на Вардар беа Скубе и Дибиров кои постигнаа по 6 голови, додека Милосављев имаше 7 одбрани.