Вардар не одигра лош натпревар, но сепак доживеа нов пораз во Лигата на Шампионите. Вечерва црвено-црните гостуваа кај екипата на Кил, од која беа поразени со резултат 32:30.
Голманите добро го отворија овој натпревар, Никлас Ландин успеа да спречи зицери на Тото и Дибиров, додека исто така и Томовски ги одбрани првите два напади на домашниот тим, за резултатот да го отвори Анте Кудуз. Во првите девет минути гледавме игра гол за гол на двете страни, радува фактот што во нашите редови Кудуз постигна три од првите пет гола за Вардар. Тешко беше изгледа се прати брзото темпо кое го наметнува Кил против секој противник, пред се во нивната арена, домашниот тим направи серија од 5:0 и поведе со 9:5 после 13 минути игра. Разликата беше зголемена и на 11:6, па Вујовиќ беше принуден да побара минута одмор. Кудуз продолжи со стопроцентниот ефект, го постигна својот четврти гол од исто толку обиди, за намалување на 11:8. Заигравме поцврсто во одбраната, нешто што вардаровиот тренер го бараше на тајмаутот, изблокиравме удар, за во контра напад со својот прв гол Дијало да намали на 11:9, што значеше и серија за Вардар од 0:3. Томовски стигна и до петтата одбрана, додека Кудуз повторно го совладува Ландин за резултат 12:11 во 22 минута од натпреварот. Филип Јиха е принуден да побара минута одмор, откако вардарци преку Тото стигнаа и до израмнување 12:12 на седум минути пред крајот. После тајмаутот кој го повика Вујовиќ, момент кога имавме пет гола негатива, заигравме многу поцврсто во одбраната, не дозволувавме лесни и брзи голови, додека во нападот бевме ефикасни, игра која беше наградена. Сепак на полувреме, бундеслигашот имаше предност од 18:16.
Тото го постигна првиот гол во вториот дел, Кудуз стигна до седум погодоци, додека Томовски ја забележа и осмата своја одбрана. Кил повторно се разигра и ги врати оние пет гола позитива од првиот дел, резултатот после 10 минути игра беше 24:19, додека Дувњак погоди на празна мрежа за највисоко водство од 25:19, за потсетување резултатот беше 19:18, што значи домаќинот направи серија од 6:1. Кил ја одржуваше предноста од 5-6 голови и како се ближеше дуелот беа се поблиску до победата. Во еден момент, црвено-црните намалија на три гола разлика, Чувара дури и промаши зицер позиција за еден гол заостанување на минута пред крајот, но го промаши голот, па тука пропаднаа сите надежи за позитивен резултат. Кил слави победа со резултат 32:30.
Денес вардарци одиграа добар натпревар, посебно одличен беше Анте Кудуз кој постигна девет голови од исто толку обиди кон противничкиот гол. Томовски исто така стигна до двоцифрен број на одбранети удари.