Friday ,03 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Лошо второ полувреме за Вардар, екипата на Магдебург го освои „Хумел Купот“
Лошо второ полувреме за Вардар, екипата на Магдебург го освои „Хумел Купот“

Лошо второ полувреме за Вардар, екипата на Магдебург го освои „Хумел Купот“

Вардар го освои второто место на турнирот „Хумел Куп“. Видовме две различни полувремиња, добро прво и лошо второ за Вардар, па на крајот моравме да се помириме со висок пораз од 31:20.

Екипата на Магдебург отвори со два гола, но следеше добар период за Врдар и серија од 0:5 за водство од 2:5 после 8 минути игра. Томовски беше одличен на голот, додека нашата одбрана функционираше беспрекорно. Добро делувавме и во нападот, каде погодувавме од различни позиции. Преку Гаџа имавме можност да зголемиме на највисоки четири голови, но одбрани голманот на Магдебург и од тој момент започна кризата во нашата игра. Вујовиќ направи неколку измени во нападот, па едноставно неможевме да реализираме, а екипата на Магдебург во 24 минута го израмни резултатот на 8:8. Дури и поведе во 25 минута, за Георгиевски да го израмни резултатот. Финишот од првото полувреме им припадна на домаќинот кој успеа да стигне и до два гола разлика, дури и Томовски спречи негатива од три гола, затоа ние во напад реализиравме преку Георгиевски кој во првиот дел беше стопроцентен, со неговиот гол се замина на полувреме со резултат 12:11.

Вардар одигра многу лошо второ полувреме и на крајот убедливо го загуби натпреварот. На стартот од вториот дел го израмнивме резултатот на 12:12, за домашниот тим да влезе во серија од 0д 6:1 и да поведе со 18:13. Расположен беше противничкиот голман, додека Вардар не можеше да се поврзе во овој дел од натпреварот. Во 45 минута резултатот беше 23:14, па Вујовиќ побара тајмаут. Тука се беше јасно, Магдебург едноставно направи висока разлика која беше недостижна за нашиот шампион. Натпреварот заврши со резултат 31:20.