Thursday ,28 March 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > ЕХФ повторно го потцени Вардар и го смести на 7.место според шансите да ја освои ЛШ
ЕХФ повторно го потцени Вардар и го смести на 7.место според шансите да ја освои ЛШ

ЕХФ повторно го потцени Вардар и го смести на 7.место според шансите да ја освои ЛШ

Традиционално секоја година пред стартот на новата сезона во Лигата на Шампионите, од ЕХФ прават ранкинг на екипите кои имаат најголеми шанси да стигнат на завршниот турнир и да ја освојат ЛШ.

Како и минатата, така и оваа сезона, експертите и стручните лица во ЕХФ не веруваат дека Вардар може да се замеша околу освојување на Европската титула. Лани не ги сместуваа ниту во екипите кои се претеденти за пласман во Келн, а сепак Вардар го докажа спротивното и по втот пат го подигна скапоцениот трофеј.

Новиот тим на Вардар се наоѓа на 7.позиција, според шансите за освојување на ЛШ. Заминувањата на играчи како Милосављев, Фереира и Карачиќ, се наведуваат како главната причина за Вардар оваа сезона да не биде во ТОП-4 екипите за највисок пласман.

Сепак останува да видиме како ќе се одвива новата сезона, во која црвено-црните направија промени како на тренерското место, така и на играчки план.