После Даинис Кристопанс и Павел Атман екипата на Вардар ја напушта уште еден играч. Голманот од Алжир, Калифа Гедбан кариерата ќе ја продолжи во Асобал лигата во редовите на Адемар Леон. Сепак, овој трансфер на вардаровиот голман ќе се случи по крајот на оваа сезона, не како оние на Атман и Кристопанс.
Покрај овие тројца, според „Вардар Фанс“, следен кој ќе си замине од редовите на Европскиот првак и ќе го остави нашиот тим е средниот бек Сташ Скубе. За Скубе постоеше силен интерес уште пред стартот на оваа сезона.
Останува да видиме за каква средина се одлучил Скубе.