Вчера, ЖРК Вардар ја одигра првата контролна-средба во 2020 година. Ривали на црвено-црните дами беа девојките од тимот на скопски РК Спартак. Ние влеговме како фаворит во оваа средба, прва помеѓу двете полусезони.
По договор на двата тима се одигра само едно полувреме, со “фудбалска саатница“ односно во времетраење од 45.минути. Потоа имаа двата тима дваесетина минути заеднички тренинг. Во дуелот сосема очекувано, избраничките на Ристова, Црвенковска и Царчев доминираа во сите аспекти на ракометната игра во оваа средба со колешките од Спартак. Вардаровата одбрана беше на ниво, голманите фуриозно влегоа во новата сезона, нападот непогрешлив, доста погодоци имавме и по одлична транзиција во контра-напад. Овој тест-натпревар го добивме со високи 30:10, односно на секој погодок на противникот враќавме со тројна мерка.
Ана Марија Божиновска имаше инспиративна партија таа погоди 8.пати (90% ефикасност), Седлоска Андреа стрелаше во 5.наврати, пикерот Катерина Дамјаноска имаше перфектни 4/4 од линијата, Гроздановска Ангела заврши со 3 погодока. По два гола имаа: Ана Марија Коларовска, Марија Гоцевска и Сара Миновска.
Голманите поделија по точно 15.минути, сите имаа иста прилика, имаа одлични настапи и високи проценти. Симона Грујовска имаше највеќе одбрани, таа сопра 6.удари (60% ефект), Јована Трајкоска фати 4.топки ( 55% ефект), две одбрани завршија зад името на Илиќ Андреа која имаше 40% сопрени удари.