Wednesday ,24 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Кристопанс: Благодарам за се Вардар, не може секој да се пофали со трофеј од ЛШ
Кристопанс: Благодарам за се Вардар, не може секој да се пофали со трофеј од ЛШ

Кристопанс: Благодарам за се Вардар, не може секој да се пофали со трофеј од ЛШ

Европскиот ракометен Шампион денес остана без еден од своите најдобри ракометари. По нецели три сезони поминати во црвено-црниот дрес, дојде време за разделба, Даинис Кристопанс од денес е нов член на екипата на Фуксе Берлин. Клубот веќе го претстави како нов играч, а Кристопанс ја имаше првата изјава после заминувањето од Вардар, клубот во кој го направи својот најголем успех освојувајќи ја Европската титула.

-Сакам да му се заблагодарам на Вардар и на сите луѓе во овој клуб за спектакуларното време што го минавме заедно и за многуте освоени титули. Не може секој да се пофали со трофеј од Лигата на шампионите, но едноставно мора од нешто да се живее. Доаѓам во еден од најдобрите клубови во Германија, чиј дрес со гордост ќе го носам. Верувам дека во Фуксе Берлин ќе продолжам да се развивам како ракометар.

Откако ќе ја одбработи сезоната во Берлин, Кристопанс ќе се пресели во екипата на ПСЖ и повторно ќе има можност да соработува со Раул Гонзалез.