Слично како и во лигата на шампионите, така и во новата сезона на СЕХА-лигата во секое коло ќе се врши избор на дерби натпревар, кој ќе го означи колото во ова натпреварување. Во рамките на третото коло од СЕХА-лигата за дерби е прогласен натпреварот кој ќе се одигра во спортскиот центар Јане Сандански, помеѓу екипите на Вардар и Брест Мешков, дуел кој е закажан за на 9-ти август со почеток од 17:45 часот. СЕХА-лигата станува се повеќе атрактивна, а седмата сезона на оваа лига, Вардар кој е актуелен освојувач на истата ќе ја отвори на 2-ри септември на гостински терен против екипата на Металург.
Словенечкиот судир, помеѓу екипите на Целје и Горење е прогласен за дерби меч на првото коло, додека во второто коло, посебно внимание ќе се посвети на дуелот помеѓу Татран Прешов и ППД Загреб.