Saturday ,27 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Вардар оди на поправен против Фуксе Берлин, кој е актуелен освојувач на ЕХФ купот
Вардар оди на поправен против Фуксе Берлин, кој е актуелен освојувач на ЕХФ купот

Вардар оди на поправен против Фуксе Берлин, кој е актуелен освојувач на ЕХФ купот

Вардарци денес одат на поправен, на силниот меѓународен турнир “Хеиде Куп„. После вчерашниот пораз и слабото издание, пред се во второто полувреме против Хамбург, денес избраниците на Парондо ќе имаат уште посилен противник, во тимот на Фуксе Берлин.

“Лисиците„ од Берлин во првото коло на турнирот го совладаа тимот на Кристијанштад (29:26). Во екипата настапува довчерашниот пикер на Вардар, Мијајло Марсениќ кој ќе се сретне со своите поранешни соиграчи. Се работи за силна екипа, во која како засилување летово пристигна и тунижанецот, Ваел Жалуз кој како позајмен играч пристигна од екипата на Барселона.

Се работи и за актуелен освојувач на ЕХФ купот, а како поголема опасност кон голот на Вардар, ќе бидат десното крило и поранешен репрезентативец на Данска и член на Хамбург, Ханс Линдберг, како и репрезентативецот на Шведска, Захринсон, кои беа и двајцата најефикасни играчи во вчерашниот триумф против Кристијанштад. Тука се и голманот, Хајневетер и столбот во одбраната Јаков Гојун.