Friday ,22 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Втор тим > Стојан Петрушевски: Има потенцијал во Вардар Јуниор, иако имаме значително подмладена екипа, главна цел ќе биде опстанок во елитното друштво
Стојан Петрушевски: Има потенцијал во Вардар Јуниор, иако имаме значително подмладена екипа, главна цел ќе биде опстанок во елитното друштво

Стојан Петрушевски: Има потенцијал во Вардар Јуниор, иако имаме значително подмладена екипа, главна цел ќе биде опстанок во елитното друштво

Младиот состав на Вардар Јуниор на 1-ви август ги стартуваше подготовките за новата натпреварувачка сезона. Втората екипа на Вардар повторно ќе биде дел од супер лигата, со нов предизвик и уште подмладен состав да обезбеди опстанок во најсилната лига во Македонија. Главен тренер на црвено-црните останува Стојан Петрушевски, додека негов помошник во новата сезона ќе биде Пепи Манасков. Екипата претрпе неколку промени во играчкиот кадар, заминаа неколку поискусни играчи, како Никола Кизиќ, Стефан Трпчевски, Кристијан Анастасовски и други, додека нивните места ги пополнија играчи кои минатата сезона беа дел од младинскиот состав. Тимот тренира некомплетен, со оглед дека недостасуваат дури осум играчи, пет од нив моментално се со кадетската селекција на ЕХФ Шампионатот, како и тројцата кои заминаа со првиот тим во Крањска Гора. Петрушевски кој има долг стаж во Вардар, верува во своите млади момци, дека и во новата сезона ќе бидеме конкурентни на останатите екипи во супер лигата.

stole2

-Повеќе од една недела тренираме и работиме во С.Ц. Јане Сандански, каде ги имаме комплетно сите услови и целосните подготовки ќе ги одработиме во Скопје. Се уште не сме комплетни, со оглед дека пет играчи се наоѓаат со кадетската репрезентација, на ЕХФ Шампионатот, кој од денес стартува во Грузија, како и три играчи, кои моментално се на подготовки со првиот тим на Вардар. Ќе се комплетираме со враќањето на кадетските репрезентативци и практично во втората фаза од подготовките ќе имам комплетен тим на располагање. Во новата сезона, главната цел ќе биде опстанок во елитното друштво, ќе се обидеме да конкурираме на поискусните, посилните и повозрасни екипи и на крајот да го зачуваме статусот на учесници во супер лигата. Се надевам дека ќе успееме во зацртаната цел, иако имаме значително подмладена екипа, во однос на минатата сезона.

Вториот тим ќе остане база на млади ракометари, кои во иднина треба да добиваат шанса во првиот тим. Претходно таков беше случајот со Мартин Поповски и Даниел Ѓорѓески, а моментално има нови надежни ракометари во кои клубот гледа потенцијал и ќе смета за нив во иднина.

-Фактот што три ракометари се наоѓаат на подготовки со тимот во Крањска Гора, а наредниве денови ќе бидат дел од тимот на турнирот во Германија, доволно говори дека има потенцијал во Вардар Јуниор и играчи кои можат во иднина да конкурираат за настап во првиот тим на Вардар, изјави Петрушевски за Вардар Фанс.

Звонко Ивановски